Македонија
13. јуни 2022 - 10:56

Паднал таван во скопска градинка

Паднал таван во градинката „Мајски цвет“ во Тафталиџе 2, за време на викендот, објави на Фејсбук пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

„Среќа во несреќа е што во градинката „Мајски цвет“ (Карпош, Тафталиџе 2) таванот паднал за викендов, кога немало дечиња, и нема повредени, ниту жртви. Но, одговорност за ваквата ризична градба, за фушерајот за објект кој згрижува мали деца и за тендерот треба да има“, напиша Антонио Милошоски на Фејсбук.