Македонија
2. March 2021 - 21:15

Падна ли страницата за попис на тестот за безбедност, граѓани од Македонија се попишуваат како иселеници?

Ниту еден граѓанин нема да може да добие копија од формуларот на кој ќе се попише, уверува директорот за Заводот за статистика во гостувањето во Дневникот на Сител. 

-Ниту кај нас, ниту во било која друга земја во светот не може да се дадат податоци од пописот никому. Значи, тие можат да служат само и исклучиво за статистички цели. Ниту на граѓаните, ниту на кое било друго лице, ниту на било која друга институција можат да се дадат овие податоци, вели Симовски.

Ова доаѓа откако Културниот центар Иван Михајлов од Битола во писмото до амбасадорите на повеќе држави напиша дека оние кои ќе приложат копија ќе можат полесно да дојдат до бугарско државјанство.

-Инсистираме секој граѓанин на Северна Македонија кој ќе приложи фотокопија од потполнет документ од пописот дека тој/таа се осмелил да се регистрира како „Македонски Бугарин“ треба да има право, доколку сака, да добие бугарско државјанство по скратена процедура, се вели во писмото.

Писмото предизвика бурни реакции во јавноста. Културниот центар тврди дека Бугарите во Македонија се плашеле да се декларираат како „Македонски Бугари“ поради децениско фалсификување на историјата и стереотипите во историските книги.

Симовски вели дека никој не смее да влијае на други граѓани во изјаснувањето на својата етничка припадност.

-Било кој граѓанин кој ќе биде спречен или на било кој начин ќе му се влијае во изјаснувањето на својата етничка припадност – тој што ќе го спречува тој ќе биде драстрично казнет, вели Симовски.

Во моментот трае операцијата онлајн попишување на дијаспората. На прашањето зошто и за луѓето кои живеат во Македонија операцијата не се прави на истиот начин, Симовски рече дека проблем е што државата се уште нема Адресен регистар. Катастар работи на ваков регистар, но засега не е имплементиран на терен, вели Симовски.