-->
-->
Падна 6+1 на Лото, Маријана усреќи скопјанец со 5.800 евра
-->
Добивка 6+1, вредна 357.463 денари беше извлечена во 16-тото коло во 2016 година на Новолото 7/34. Среќниот добитник Д.У. од Скопје одиграл систем од осум броеви и уплатил вкупно 120 денари во Среќното место МПМ – Жапон во Скопје.
Тој, како што изјави, е повремен лото играч, а кога игра ги игра своите среќни броеви. Досега секогаш уплатувал систем од осум броеви, па токму затоа покрај добивката 6+1 е добитник и на една „шестка“ и шест добивки од пет погодоци. Парите не планира да ги потроши, туку да ги заштеди за во иднина.
Фондот за седумка за наредното коло на Новолото 7/34 на Државна лотарија на Македонија изнесува над 10 милиони денари, а извлекувањето е в сабота.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Филипче: Минимална плата 27.700 денари
-
Ибраимовски: Фрлена бомба врз штабот на ПЦЕР во Тетово
-
Не евидентирани лица од други општини сакаат да добијат бесплатен кров над глава во Штип
-
Расте бројот на ученици во стручното образование
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со д-р Никола Пановски
-
ИЈЗ: Четворица вработени на ЗОО под надзор, еден ќе се тестира за птичји грип
-
Партиски реакции: Одговорност за Арсовска за птичјиот грип во зоолошка