-->
-->
Пад од три позиции за македонската репрезентација на ФИФА ранг-листата
-->
Македонската фудбалска репрезентација се најде на 68. место на најновата ранг-листа на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) објавена денес, прва во 2024 година.
„Црвено-жолтите“ имаат ист број бодови (1362,17) како и на претходното рангирање (декември 2024) кога беа 65-ти, но тие се престигнати од неколку репрезентации кои имаа успешни настапи на Африканскиот куп на нации 2024.
Од противниците на македонските фудбалери во Лигата на нации, Ерменија се наоѓа на 94. место, Фарски Острови се на 135. позиција, додека Летонија е 136-та.
Во Топ 10 нема промени. Води Аргентина пред Франција, Англија, Белгија, Бразил, Холандија, Португалија, Шпанија, Италија и Хрватска.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Калаc: САД сакаат кавга со ЕУ
-
Намален прометот во индустријата
-
Почина гинекологот и акушер проф. д-р Јован Јуруковски
-
Уапсен 47-годишен од с.Дражево, нападнал човек со остар предмет
-
Кривична против две лица од Кочани поради користење на туѓа дебитна картичка
-
Нападната 46-годишна жена на нејзиното работно место во Скопје
-
Кривична за 33-годишен штипјанец, нудел пари да се запали возило на друго лице
-
Трошоците на живот во јануари на годишно ниво повисоки за 4.9 %, а цените на мало за 5.2 %.