Пад на туризмот во земјава за 95% во јуни во споредба со лани - туристичките агенции сметаат дека ваучерите се задоцнети
Катастрофални резултати во туризмот. Бројот на туристи во јуни годинава во споредба со истиот месец лани намален за 95 проценти објави статистика. Речиси и да немало ниту еден странски посетител во државава. Сериозен пад од 88 отсто е регистриран и кај домашните туристи.
Туристичките работници велат дека ваучерите минимално ќе им помогнат да излезат од кризата во која се наоѓаат. Сметаат дека нивното вклучување во проектот дома си е дома е задоцнето и затоа ефектот од мерката ќе биде мал. Тврдат дека од септември кога ќе завршат летните одмори и ќе се искористат ваучерите повторно ќе останат без ништо.
Апелираа до надлежните од есен да бидат финаниски поддржани, во спротивно 5.000 работници ќе останат на улица , а секторот ќе се соочи со тотален крах.
Според статистиката малкуте туристи во земјава главно ги посетиле езерските и планиниските места, а помалку интерес имало за бањскиот туризам и за Скопје.
Кризата со вирусот му нанесе серизен удар на туристичкиот сектор. Речиси половина година туристичките агенции се со клуч на врата.
-
Ирена Чачкова
Сите содржини од овој новинар