Бизнис
21. September 2020 - 16:33

Пад на платите во погодените сектори, бизнисот ја чека помошта од државата

За речиси 25 проценти пад на платите на вработените во сместувачките капацитети, регистрираше статистиката во јули. Оваа дејност важи и за една од најпогодените од пандемијата. Од туристичко угостителскиот сектор велат дека  намалувањето е очекувано затоа што со месеци таму се исплаќа минимална плата поради намалениот обем на работа. 

Истиот месец регистриран е и пад на платите од 22 отсто и во воздухопловството. Од секторот велат бројките се драматични затоа што аеродрмите биле подолг период целосно затворени. 

Пад има и во други сектори, производство на машини, во дејноста за изнајмување и издавање под закуп. За стабилизрање на состојбата бизнисот надеж гледа во новиот пакет помош кој Владата најверојатно ќе го донесе до крајот на неделава. Инаку на државно ниво просечната нето плата на годишно ниво е зголемена за 8,5 проценти и сега изнесува 27,231 денари. Најголем раст е регистриран во ИКТ секторот, образование, здравство и трговија.