Пад на невработеноста во Франција
Бројот на невработени во Франција во октомври е намален за 11.700 лица, односно за 0,3 процентни поени во споредба со претходниот месец, соопшти француското Министерство за труд.
Според овие податоци, како што јави дописникот на МИА од Париз, бројот на лица кои бараат работа во Франција сега изнесува 3,4 милиони.
Во септември исто така беше забележано намалуање на невработените за 66.300 лица, со што невработеноста се намалува веќе втор месец по ред.
Според Министертсвото за труд, од почетокот на 2016 година бројот на невработени во Франција е намален за 101.300 лица, што претставува најголемо намалување од 2008 година.
Ваквата вест беше веднаш поздравена од францускиот претседател Франсоа Оланд,
- Битката вроди со плод, изјави Оланд, нагласувајќи дека „битката“ против невработеноста е „долга“, но дека очигледно „се исплаќа“.
Тој повеќе пати најави дека ќе се кандидира за втор претседателски мандат под услов да има вистинско намалување на невработеноста.
Ваквите бројки се охрабрувачки за Оланд, но невработеноста во Франција и натаму останува голема. Втор проблем за Оланд е и тоа што тој ужива многу мала популарност меѓу Французите.
Одлуката за тоа дали ќе се кандидира за втор мандат, Оланд треба да ја донесе најдоцна до 15 декември, кога истекува крајниот рок за поднесување на кандидатури за учество на прелиминарните избори за претседателски кандидат на владејачката Социјалистичка партија.
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите