Македонија
27. January 2021 - 16:44

Пациентка се заканувала на вработени во штипската Клиничка болница

Штипјанка агресивно се однесувала и упатувала закани кон вработени во Клиничката болница во Штип. Инцидентот бил вчера пријавен, по што полицијата од слобода ја лишиле 46 – годишната С.Р од Штип.

Надлежните од СВР Штип велат дека по комплетирање на случајот против С.Р ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев за МИА го потврдува инцидентот и вели дека се случил на одделот за рендген.

Што се однесува за соостојбата со Ковид центарот, таа е нормализирана. Во моментов имаат 27 слободни кревети,  на Инфективното одделение се лекуваат 32, а на  одделот за Анестезиологија тројва потешки пациенти. На кислородна поддршка имаат вкупно 25 пациенти.