Пациентите со цистична фиброза ќе протестираат на 3 мај, ако не добијат одговор до каде е работата со набавката на „трикафта“
Пациентите со цистична фиброза ќе протестираат на трети мај во 12 часот пред Министерството за финансии, ако не добијат одговор од надлежните институции, до каде е работата со набавката на „трикафта“ за сите на коишто им е неопходна и со законските измени за побрза набавка на лекот. Ова денеска го најави во изјава за медиуми, претседателот на Асоцијацијата за цистична фиброза, Фики Гаспар.
Затоа што, како што појасни тој, пуштиле, неделата пред Велигденските празници, допис до сите институции, за да им одговорат, до каде е работата околу случајот со набавката на лекот „трикафта“.
- Сѐ уште немаме одговор, иако, неофицијално, преку одредени луѓе слушаме дека работата се движи и дека имаат иницијатива и дека работат на целата проблематика. Но, проблемот е што ние сѐ уште немаме добиено допис, информираше Гаспар.
Тој нагласи дека, доколку нема јасни насоки што се случува, тогаш останува работата да се оди на протест во среда на трети мај во 12 часот, пред Министерството за финансии.
- Зошто пред Министерството за финансии? Затоа што сметаме дека доколку се обезбеди буџетот, работите ќе бидат многу побрзи, соопшти Гаспар.
Неофицијално, како што додаде Гаспар, наводно вчера на Влада поминало, уште 18 пациенти да добијат лек.
- Тоа е за поздравување, но, ние апелираме дека го бараме за сите пациенти. За да нема несигурност и страв кај пациентите. Ако е точно, ќе има страв дали се во таа бројка, кога ќе дојде за нив. Утре мислам дека ќе има состанок во Министерството за здравство, сѐ уште чекаме да биде поканет наш претставник, подвлече Гаспар.
Тој кажа дека мисли оти е за 80 пациенти соодветен лекот.
Во моментов, „трикафта“ примаат 12 лица.
Ново на Сител
-
Сиљановска Давкова присуствуваше на настапот на македонската Национална опера и балет во Софија
-
Сиљановска Давкова и Радев согласни дека е потребен дијалог
-
Влада: 250 милиони евра за проектите од општините, историски високи владини инвестиции
-
ЗКЛМ: Flightradar24 не е релевантна алатка, контролорите неосновано се осудени
-
Шпајх: Македонците со право се фрустрирани од ЕУ
-
Потврден случај на колера во Бугарија
-
Викендов дел од Европа ќе биде зафатена од невреме
-
Бајден: Не мислам многу на заканите од Путин, тој нема да победи во Украина