Инаку, двајца палестински тинејџери загинаа , а 14 Палестинци се ранети како и уште тројца Израелци се ранети денеска во најсериозниот судир на израелската војска и екстремистите во појасот Газа од војната на таа територија од 2014 година.
Тројца Израелци се здобија со умерени и полесни повреди во градот Сдерота, соопшти службата на итна помош на Црвениот Давидов штит.