Овој човек го турна Путин од престолот: Екс сопругата му се омажи за 20 години помладо момче
За приватниот живот на рускиот претседател Владимир Путин, кој спаѓа меѓу најмоќните политичари во светот, малку се знае. Уште помалку се знае за неговата поранешна сопргуа Људмила Очеретна,со која 30 години бепе во брак.
Во јуни 2013 сооптија дека се развеле, а во 2016 е објавена веста дека Људмила повторно се омажила и официјално го сменила презимето.
Људмила и двете ќерки од бракот со Путин се држат подалеку од јавноста, а ова се познати информации за животот на поранешната сопруга на рускиот претседател.
Пред да се омажи за Путин во 1983, работела како стјуардеса во руската авиокомапнија „Аерофлот“. Течно говори француски, германски и шпански.
Ги запознал заеднички пријатаел во нивниот роден град Ленинград, денешен Санкт Петербург. Било тоа на почетокот на 1980 година.
Људмила и Путин имаа две ќерки: Марија и Катарина, родени 1984 и 1985 година. Родителите ги криеле од јавноста и дури студирале под лажни имиња.
Путин осумдесетите години работел во КГБ, се додека заедно со сопругата не се вратил во Санкт Петербург и почнал да работи за Влада.
Двојката објави развод во паузата од балетот „Есмералда“ во продукција на Државниот кремаљски театар, во 2013 година.
-Нашиот брак заврши поради фактот што едвај се гледаме. Владимир потполно се даде во својата работа. Децата ни пораснаа. А и навистина не сакам публицитет, рече тогаш Људмила.
Во тој дух продолжи да живее, а некои руски медиуми дури пишуваа дека отишла во манастир.
Во 2016 година е објавено дека повторно се омажила - овој пат за речиси 20 години помладиот Артур Очеретни, директор на НВО Центар за развој на меѓучовечките односи.
Неодамна се појави и веста дека двојката купиле вила во Франција за 7,46 милиони долари.
![](/sites/default/files/styles/large/public/article/images/2017/july/hfddgf.png?itok=qp1fsyv3)
Ново на Сител
-
Калаc: САД сакаат кавга со ЕУ
-
Намален прометот во индустријата
-
Почина гинекологот и акушер проф. д-р Јован Јуруковски
-
Уапсен 47-годишен од с.Дражево, нападнал човек со остар предмет
-
Кривична против две лица од Кочани поради користење на туѓа дебитна картичка
-
Нападната 46-годишна жена на нејзиното работно место во Скопје
-
Кривична за 33-годишен штипјанец, нудел пари да се запали возило на друго лице
-
Трошоците на живот во јануари на годишно ниво повисоки за 4.9 %, а цените на мало за 5.2 %.