Овие животни промени мора да ги воведете кога ќе наполните 30 години
Ако во 30-тите години усвоите здрави навики, ќе ги задржите цел живот. Еве десет работи кои треба да ги направите за по здрав живот од 30 па нагоре.
Многу луѓе 20-тите години од својот живот ги поминуваат во нездрав начин на живот. Спијат до два попладне во викенди, трошат пари на излегување и живеат многу неодговорно. Поради тоа 30-тите се идеално време да почнете со нов, поздрав начин на живот. Ако во тие години усвоите здрави навики, ќе ги задржите цел живот, пишува Вечерњи лист.
Еве 10 работи кои треба да ги направите за здрав живот од 30 година па натаму:
1. Престанете да пушите
Ако сте почнале да пушите, престанете веднаш. Иако не можете да ја поправите направената штета, можете и тоа како да ја спасите работата. Истражувања покажале дека тие кои ќе престанат да пушат пред 40, го намалуваат ризикот од смрт поради пушење за дури 90 отсто. Се исплатува.
2. Почнете да одите на спиење и будете се во исто време секој ден
Иако за викенд сакаме да спиеме подолго, истражувањата покажале дека полесно е секој ден да се има исто темпо. Избегнувајте големи промени во тој ритам, бидејќи штетат на вашето тело.
3. Почнете редовно да вежбате
Почнете да се движите, најдете го тоа што ви одговара и издржете. Во 30-тите почнувате да ја губите мускулната маса, затоа вежбањето станува многу важно. Освен тоа, кога ќе најдете активност која ја сакате, тоа ќе ви стане прекрасен начин да го почнете или завршите денот.
4. Пишувајте дневник!
Еден ден ќе ви биде мило да ги читате вашите спомени. Освен тоа, тоа е одлична антистресна терапија.
5. Почнете да штедите пари
Иако ви се чини дека вашите златни години се многу далеку, поран или подоцна ќе остарите. Колку порано ќе почнете да штедите, толку ќе бидете посигурни и посреќни во иднина.
6. Почнете да ги следите соништата
Не ги одложувајте вашите соништа. Ако сакате да купите куќа, да имате деца или да напишете книга, 30-тите години се време токму за тоа.
7. Научете да бидете среќни со тоа што го имате
Ако сте задоволни со тоа што веќе го имате во животот, ќе бидете многу среќни. Се работи за благодарност на се убаво што го имате.
8. Престанете да мислите дека на сите треба да им удоволите
Бирајте ги пријателите и внимавајте на кого му го подарувате слободното време. Не се оптоварувајте со тоа дека мора со сите да сте добри и на сите да им погодувате. Времето дајте им го на тие што го заслужуваат.
9. Не се споредувајте со другите
Ако постојано гледате што имаат другите и во што се подобри од вас, никогаш нема да бидете среќни. Впрочем, тоа само ве успорува во остварувањето на сопствените цели.
10. Почнете да си простувате за сопствените грешки
Не се нервирајте. Сите во животот грешат. Ако постојано размислувате за грешките, ќе ви биде потешко и полошо. Тоа што сте погрешиле, заборавете го, но учете се од грешките.
Ново на Сител
-
Американците гуглаат како да заминат од земјата по победата на Трамп
-
Исчезната жена во Скопје, семејството моли за помош
-
Австрија ја прогласи целата земја за ризична област поради појава на птичји грип
-
Ѓердан што сведочи за пропаста на Марија Антоанета оди на надддавање
-
Реформската агенда на владата пред пратениците
-
Мицкоски оптимист по средбата со Макрон
-
Предвремени избори - Затворена тема
-
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да ги прифати мерките