-->
-->
Овие ќелави стаорци се одвратни и страшни, но тие ќе не спасат од рак!
-->

Напредокот на медицината во борба против ракот лежи во изучувањето на матичните клетки, со чија помош може да се одгледаат нови органи кои со трансплатација ќе дојдат на местото на оние кои ги „изел“ туморот. Меѓутоа, кој гарантира дека овој орган ќе биде отпорен на рак?
Јапонски научници имаат одговор на ова прашање. Тие приметиле дека африканските ќелави стаорци, многу ретко, скоро никогаш не заболуваат од рак.
Тоа е еден вид глодар, познат по латинското име „heterocephalus glaber“, малку потсетува на слепо куче чиј вид полека исчезнува.

Како што се покажало, од нивната кожа може да се извлечат индуцирани плурипотентни матични клетки, со кои подоцна може буквално во лабораторија да се произведат органи.
Ова ќе им помогне на пациентите заболени од рак, и на други кои имаат потреба од регенеративна медицина.
- Проблемот со трансплантација на ткива и органи од луѓе или заморчиња е дека тие се многу подложни на рак. За разлика од нив, гените на африканскиот стаорец нема да му овозможи на ракот да го нападне новиот орган. Покрај тоа, добиени на тој начин органите се многу отпорни на рак - објаснува авторот на студијата, професор Кјоко Мијура со Хокаидо Универзитет, јавува Асахи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со премиерот Христијан Мицкоски
-
ВМРО-ДПМНЕ го кандидираше Орце Ѓорѓиевски за градоначалник на Град Скопје
-
38 воени возила ќе се користат за гаснење на пожарите во државата
-
Мицкоски: Нема да има данок за неженети и немажени
-
Ригорозни мерки против високите цени, ако утре статистика објави висока инфлација
-
Пациентите со хепатит Б, дијабет и други дијагнози бараат терапија на позитивната листа
-
Љутков: Од догодина повеќе средства за македонската филмска продукција