Оваа европска земја се подготвува за војна: На 4,8 милиони семејства им стигнале брошури за преживување - „мораме да бидеме подготвени“
Шведската влада почнала да испраќа брошури на адреса на 4,8 милиони домаќинства со упатства „во случај на војна“.
Ова е првпат после повеќе од половина век Швеѓаните да дадат конкретни упатства за тоа што треба да се направи во случај на воена опасност.
Во брошурите на 20 страници „Во случај на криза или војна“ се наведуваат упатства за снабдување на намирници, вода и огрев, знакови за узбуна и локации за засолништа во случај на бомбардирање.
Брошурата содржи сигнали за реагирање, илустрации од борбени авиони и семејства кои бегаат од своите домови. Граѓаните исто така се предупредуваат на опасност од терористички и сајбер напади и климатски промени, вклучувајќи и дел за тоа како да се препознаат лажни вести.
„Иако е Шведска е една од најсигурните земји, сѐ уште постои опасност за нашата безбедност и независност“, пишува во брошурата.
Наведени се и начини на кои луѓето треба да се снајдат во услови без храна, вода, огрев, без банкомат, мобилни и интернет. Граѓаните се светуваат да подготват залихи од питка вода, топла облека, вреќи за спиење и храни во конзерви.
Инаку, Шведска повеќе од 200 години не војувала со ниту една земја.
Ново на Сител
-
Мексиканската морнарица заплени 4,5 тони кокаин од шверцерски брод
-
Гори крајречна трска во атарот на пелагониските села Брод-Гнеотино
-
Илјадници луѓе на протест во Истанбул втора ноќ по ред поради апсењето на градоначалникот
-
Има доволно крв на Трансфузиологија и апелираат да не се шири паника и апели за дарување на социјалните мрежи
-
Шпанска Амбасада: Шпанија секогаш блиску до Северна Македонија, се солидаризира со жртвите од пожарот
-
Уапсени Папазов, Димитровски и Илијев - последните тројца градоначалници на Кочани
-
Полициска акција во врска со пожарот во „Пулс“
-
Русија назначи преговарачи за разговорите со САД в понеделник за Украина