Ова се условите под кои гласаа пратениците од опозицијата „За“
Група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, непосредно пред гласањето, до Собранието, поднесоа предлог со неколку услови под кои би гласале за да се отвори постапката за уставни измени.
Предлогот гласи: Да се пристапи во наредната, но не и конечна фаза, на дискусија по уставните амандмани, само под следните услови од чие исполнување ќе зависат и нашите идни ставови и нашата конечна поддршка за Уставните амандмани:
1. Прифаќање на амандман на Уставот со кој ќе се гарантира македонскиот идентитет
2. Прифаќање на одредба на Уставот со која ќе се гарантира дека доколку Република Грција не го ратификува договорот и повторно ги попречува евро-атлантските интеграции на Република Македонија, ќе има безусловно поништување на сите прифатени уставни амандмани кои произлегуваат од имплементацијата на договорот од Преспа.
3. Постепена промена на името за внатрешна употреба, следејќи го процесот што води кон полноправно членство на РМ во ЕУ.
4. Прифаќање на иницијативата на претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев искажана на 31-та седница на Собранието на Република Македонија на 15 октомври 2018 година за простување во врска со настаните на 27 април 2017 година во Собранието на Република Македонија и сеопфатно национално помирување, со формирање на собраниско тело составено од шефовите на пратеничките групи, тројца пратеници и претседателот на Собранието на Република Македонија кои ќе изготват и предложат до Собранието план за национално помирување, во рок од 30 дена.
Ново на Сител
-
Вербални закани кон претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска, случајот пријавен во полиција
-
Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект во Штип
-
Стара експлозивна направа пронајдена во двор во делчевското село Вирче
-
Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз
-
Маж од Валандово најден починат дома, ќе се прави обдукција
-
Кривична пријава против градоначалник поради противзаконито располагање со буџетски средства
-
Фоден играч на сезоната во Премиер лигата
-
Убиство и самоубиство во Бјеловар, Хрватска