Ова се најсексапилните машки професии
Мажите кои имаат музичка или уметничка кариера се најпосакувани партнери за жените. Фудбалерите пак, име се најмалку сексипилни. Едно истражување покажало дека дури 32 проценти од испитаните жени ја одбрале музичката или уметничката кариера како најсексипилна кај мажите
За 24 проценти, најпосакувани партнери се економистите, менаџерите и финансиските советници, токму поради финансиската сигурност која ја пружаат таквите кариери.
На големо изненадување за истражувачите, најлошо поминаа фудбалерите, бидејќи само еден процент од жените рекле дека таа професија ја сакаат најмногу.
Пред нив на листата се наоѓаат професорите, лекарите и новинарите.
– Висината на платата не е најважниот критериум за посакуваната професија на мажите. Жените, фудбалерите ги доживуваат како суетни, наметливи и себични личности, и попрво би биле со некој кој има нешто подосадна професија – заклучи авторката на студијата, Роси Фримен Џоунс.
Листа на најсексипилни професии кај мажите:
*Музичари и уметници (32 проценти)
*Професии врзани за финансии (24 проценти)
*Професори (13 проценти)
*Лекари (9 проценти)
*Новинари (7 проценти)
*Фудбалери (1 процент)
Ново на Сител
-
Замрзнати вработувањата во администрација
-
Тема на денот со Ѓоко Велковски, заменик министер за социјална политика, демографија и млади
-
Ахмети го свика централното претседателство на ДУИ: Протестите можна точка за дебата
-
Училиштата во Општина Карпош и натаму без парно греење
-
Тестираните за „Птичји грип“ се негативни
-
Санкции за смртта на 14-месечното бебе
-
Почна вакцинацијата против сезонски грип – денеска термин добиле 5.700 граѓани
-
Ахмети го свика централното претседателство на ДУИ: Протестите можна точка за дебата