Свет
6. January 2020 - 21:08

Ова се најбогатите држави во Европа, Швајцарија и натаму на врвот

Земјите од западна и централна Европа се на врвот на листата на најбогати, кога се разгледува просечното богатство на нејзините грашани, а на прво место и натаму е Швајцарија.

По Швајцарците следува Исланд, а потоа Луксембург, а добро котираат и Белгија, Франција и Ирска.

Германија вкупно е најголемата европска економија, но по просечното богатство од 35,3 илјади долари по возрасно лице се наоѓа поблизу до средината отколку до врвот на листата. Нашиот сосед Србија на листате е со 10,7 илјади долари просечно богатство по лице.

Каков е контрастот меѓу Западот и Истокот се гледа на примерот од Украина која има само 1,2 илјади долари по возрасно лице, што е на ранг со многу африкански замји.

Мапата ја изработи порталот Хаумач повикувајќи се на податоци од швајцарската финансиска група Креди Свис.