Ова моментално е најомразениот човек на интернет
Пред неколку дена на социјалните мрежи почна масовно да се споделува видео, кое го објави „The Scene“ под наслов „Why They Cheated: Two Exes Confront Each Other About Infidelity“.
Тоа што следи може да се нарече седум минути чист емотивен терор, со кој се соочува една девојка за која се верува дека се вика Кортни, а која во видеото се обрати до нејзиното лажливо поранешно момче, за да дознае зошто ја изневерувал.
Кортни во една прилика го затекнала и со друга жена во кревет, по што тој ја замолил да оди во друга соба, а призна и дека не зна е колку пати ја измамил, бидејќи „едноставно не броел“.
И покрај неговиот безкрупулозен настап, а понекогаш дури и украдена насмевка, девојката е многу вознемирена, но тивка, и на крајот дури објасни дека ништо не му забележува, затоа што го смета за најдобар пријател.
На интернет не требаше долго време за да почне да се реагира на емотивното видео и логично, сите застанаа на страната на таинствената убавица, а однесувањето на ваквиот „мажјак“ не наиде на одобрување. Еден од најдобрите коментари на Твитер гласи вака: „Сега тој никогаш нема да најде девојка, затоа што цел свет знае дека е лажливец“.
За тоа време, Куртни се огласи на Твитер за да се заблагодари на поддршката и на сите им образложи дека сега е во искрена врска и среќна како никогаш порано.
Ново на Сител
-
Вработените во пошта се уште немаат земено плати
-
Мега инвестиција најави премиерот
-
Unbox your box – нова перспектива во доставата на пратки во Македонија
-
Мицкоски очекува Лимани сепак да добие американска виза
-
СДСМ ќе поднесе кривична пријава за кршење на деловникот на Собранието и правата на пратениците
-
За два месеци во ИЈЗ пријавени 100-тина случаи со шуга
-
Преглед на вестите од светот
-
Вреди: Најавите за бојкот на локалните избори го покажуваат стравот на ДУИ од пораз