Живот
17. April 2018 - 13:31

Ова е спас за човештвото: Научниците случајно открија бактерија која ја уништува пластиката

Американски и британски научници случајно направиле ензим која може да ја уништи пластиката, што би можело да помогне во решавањето на глобалниот проблем од овој вид загадување, соопштено е во новата студија.

Повеќе од осум милиони тони пластика завршува во океантите на Земјата секоја година со што се зголемува загриженоста поради токсичноста на тој нафтен дериват и влијанието врз здравјето и животната средина.

И покрај напорите за рециклажа, голем дел од пластиката може да остане стотици година, а научниците поради тоа пронаоѓаат начини како пластиката најдобро да се уништи.

Истражувачите од Велика Британија и САД вложија напори во испитувањето на бактериите неодамна откриени во Јапонија под стручен назив "ideonella sakaiensis".

Таа бактерија се храни со еден вид пластика која се користи за производствот на шишиња.

Јапонските научници веруваат дека таа бактерија би можела лесно да се размножува во центрите за рециклажа, но британските и американските научнции со натамошното истражување на бактериите извлекле еден ензин кој без знаење на научниците мутирал и станал опасен за пластиката и од самата бактерија.

Научниците, кои сами наведоа дека понекогаш и среќата има улога во истражувањата, сега ќе вложат дополнителни напори во испитувањето на тој ензим за да може во процесот на рециклирање тој подобро да ја уништува пластиката.