Живот
9. December 2016 - 21:36

Ова е бојата на 2017 година

 
Секоја година, од 2000 наваму, американскиот производител на индустриски бои, Пaнтон ја избира најмодерната боја за наредната година, па така, за следната 2017 вчера беше избрано „Зеленилото” (Greenery).
 
Овој избор влијае на тенденциите и трендовите во модата и новите eнтериери за годината што следи. Овојпат, повикот за враќање кон природата си го направи своето…
 
Наредната година ќе биде во знакот на светлозелената, или природната заситена зелена боја со јасни жолти примеси, која што потсетува на пресна тревичка на пролет.