Отворени е-маил и телефонски броеви за пријавување на непочитување на мерките против Ковид-19
Владата и Инспекцискиот совет апелираат до граѓаните да ги пријавуваат неправилностите и непочитувањето на владините мерки и препораки за спречување на ширењето на заразата од КОВИД- 19.
За таа цел отворени се нови е-мејл адреси и ставени се во функција бесплатни телефонски линии. Граѓаните можат неправилностите да ги пријавуваат на следните мејлови и броеви:
-Државан инспекторат за труд poplaki@dit.gov.mk
151 31
-Државен пазарен инспекторат nepravilnosti@dpi.gov.mk
191
-Државен санитарен и здравствен инспекторат prijavi.dszi@gmail.com
0800 255 55
0800 3 2222
-Агенција за лекови и медицински средства prijavi@malmed.gov.mk
Од Владата денеска информираа дека инспекциските служби со сите свои капацитети продолжуваат интензивно да работат на терен.
– Без исклучок секој кој нема да се придржува до мерките на Владата ќе биде санкциониран. Овие мерки се донесени во интерес на здравјето на граѓаните и на јавното здравје и мора да се почитуваат. Повикуваме на одговорност од секое правно лице, од секоја индивидуа во нашето општество. Јавното здравје зависи од сите нас, се вели во владиното соопштение.
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот