Македонија
22. September 2015 - 14:42

Отворени денови на Катастарот и Управата за имотно-правни работи во Дебар и Кичево

Заеднички отворени денови со граѓаните спроведуваат денеска во одделенијата во Дебар и Кичево Агенцијата за катастар на недвижности и Управата за имотно-правни работи. 

Граѓаните се информираат за нивните имоти и даваат идеи и предлози за подобрување на функционалноста на Катастарот и Управата за имотно-правни работи. Од отворените денови се произлезени многу идеи и решенија за одредени проблеми благодарение на сугестиите на граѓаните, соопшти Агенцијата за катастар на недвижности. 

- Агенцијата за катастар на недвижности веќе осма година организира отворени денови со катастарот, со цел граѓаните да можат да остварат средби со стручните тимови  и полесно да дојдат до решение на нивните проблеми или нејаснотии. Од оваа година отворените денови ги организира заедно со Управата за имотно правни работи со цел граѓаните на едно место да ги решат имотно правните работи или да добијаат соодветен правен совет околу потребната документација, се вели во соопштението.