Отворени денови на ФЗОМ
Осигурениците на Фондот за здравствено осигурување на Македонија од утре, во сите 30 подрачни служби на Фондот, ќе можат дирeктно од одговорните лица да се информираат за своите права, да претстават некој проблем со добивање на право од здравствено осигурување или да дадат свои идеи и предлози, кои се однесуваат за унапредување на работата на Фондот.
Како што се наведува во соопштението на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, отворените денови се дел од заложбите за информирани осигуреници, кои претставуваат вреден ресурс на повратни информации за активностите и новините кои Фондот ги воведува.
Средбите со осигурениците, информира ФЗОМ, се начин да се согледа перцепцијата на осигурениците за нашата работа, но и да добиеме предлози за надминување на„ тесните грла“ во работењето. Средбите ги доживуваме како можност за насоки за тоа на што да се обрне поголемо внимание, што треба да се подобри во работењето или да се поедностави како процедура.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Анета Димоска, раководителка на итна медицинска помош
-
Засилени контроли на возачите во Охрид
-
Работниот ангажман ги менува навиките и животот на осудените лица во струмичкиот затвор
-
Нов марш на ангелите во Кочани
-
Голем пожар кај Желино
-
Голем пожар кај Желино
-
Четврт ден гори кај Василево
-
На инфективната Клиника дневно имаат по 20-тина лица со симптоми на труење со храна