Отворена изложбата „Црвениот бик“ на Александар Филев
Во изложбениот салон на Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица синоќа беше отворена седмата самостојна изложба на академскиот сликар Александар Филев, насловена „Црвениот бик“.
Пред големиот број љубители на ликовната уметност, за најновиот творечки опус на Филев, зборуваше историчарот на уметноста Зоран Рујак, кој истакна дека делата од циклусот „Црвениот бик“ во себе носат јасен, препознатлив и автентичен белег на овој млад струмички уметник.
- Во својот автентичен уметнички ракопис Филев како да бара некаква нова материја. Во привидниот хаос и чудесниот неред се раѓаат обриси на силни, енергетски набиени и динамички форми на митски суштества, кои постепено се трансформираат во бикови, коњи и јавачи. Делата на Александар претставуваат бојно поле на кое тој се бори со своите визии и емоции, кои жестоко еруптираат пред нашите очи, рече Рујак.
Во неговото дестгодишно творештво, по изложбите во 2007 и 2012 година, ова е трета самостојна изложба на Александар Филев пред струмичката културна јавност. За неговиот најнов опус „Цвениот бик„ Филев вели дека е дело на творечкиот занес во последните две години.
- На изложбата има вкупно шеесетина дела, работени во повеќе техники. За разлика од мојот претходен творечки период во кој доминира апстрактното сликарство, во овој циклус моја инспирација се моќта, силата и енергичноста, плодноста и издржливоста на коњот и бикот. Токму во оваа нивната симболика ја наоѓам и мојата творечка енергија, која преку експресијата и мигот на создавање ме води во нови уметнички изрази, вели Филев.
Изложбата ќе биде отворена до крајот на октомври.
Ново на Сител
-
Магистралниот пат Охрид - Ресен затворен за сообраќај поради незгода
-
Утре температура до 39 степени, следните денови уште потопло
-
Се враќа оградата пред владината зграда во Скопје
-
Пожар на ридот меѓу Горно Коњари и Миладиновци
-
Земјотрес со јачина од 3,4 степени во близина на Охрид
-
Патриоти за Европа нова група во ЕП или само ново име за десничарската Идентитет и демократија
-
Папата на католичка конвенција во Трст: Демократијата во денешниот свет не е во многу добра состојба
-
Илјадници Израелци денеска протестираа на автопатот меѓу Ерусалим и Тел Авив, блокирајќи крстосници и палејќи гуми