-->
-->
Отворен оган врз канцелариите на ПАСОК во центарот на Атина
-->
Со огнено оружје, веројатно „калашников“, околу 20 часот по локално време биле нападнати канцелариите на грчката партија ПАСОК, кои се наоѓаат во центарот на Атина.
Според грчките медиуми, засега непознато лице или непознати лица, испукале најмалку три-четири куршуми, а се уште не е познато дали целта бил објектот во кој се наоѓа централниот штаб на партијата или пак биле полицајците кои деноноќно се пред зградата задолжени за безбедноста.
И покрај тоа што инцидентот се случи во населба која е многу фреквентна, а во периодот кога било пукано во делот околу канцелариите на ПАСОК има голема раздвиженост на граѓани, за среќа нема повредени лица.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Авионска дезинсекција против комарци денеска и утре во Скопје
-
Сончево со мала до умерена облачност и благ пад на температурите
-
Трамп: Ќе се случи нешто во Украина, работите ќе се средат
-
Андоновски: Имаме капацитет за спроведување дигитален попис, во 2026-та ако бидеме подготвени
-
Скопје денеска со третата највисока температура во Европа – 41,7°C
-
Орбан: Да бараме од нашите семејства да плаќаат 3,5 пати повеќе за гас? Тоа не е лидерство, туку економско самоубиство
-
Путин: Русија ќе ги намали воените трошоци и е отворена за преговори со Украина
-
Рекордни температури и пожари на Балканот, се очекува разладување за викендот