Отворен ден на Државниот универзитет во Тетово
Пред ректоратот на Државниот универзитет во Тетово денеска се одржа традиционалниот Отворен ден на ДУТ за претставување на понудата од 13-те факултети и наставни програми за академската 2018/2019 година.
- Во текот на овој ден матурантите ќе имаат можност да се запознаат со понудата од сите наши 13 факултети за следната академска учебна година. Согласно конкусот предвидуваме да примиме околу 3.000 студенти, изјави прореректорот за настава Решат Ќаили.
Во рамкие на Филолошкиот факултет, додаде, е и катедрата по македонски јазик и книжевност каде за следната година се предвидува да се запишат 50 нови студенти.
- Ние како наставен кадар од Универзитетот и Катедрата по македонски јазик и книжевност претходно посетивме повеќе средни училишта во Тетово како Економското, Земјоделското и Гимназијата, а планираме да ги посетиме и средните училишта во Гостивар и насекаде во Македонија. Сакаме на матуратите одблиску да им ја претставиме понудата на нашата студиска програма што има осум семестри. По нивното завршување тие се здобиваат со звањето професор по македонски јазик и книжевност. Во рамките на нашите активности е организирање на македонистичка вечер, посети на куќи на наши писатели и творци и други наставни и воннаставни активности рече професорката Марина Спасовска.
Во рамките на Отворениот ден беше организиран и вториот саем на прехранбените продукти “Food Expo 2018” каде со свои штандови учествуваа повеќе прехранбени компании од земјата.
Ново на Сител
-
Филков чека одговор од СДСМ за реформските закони
-
Костадиновски: Уставниот суд е најнереформирана институција од независноста на Македонија
-
Ако маркетите драстично ги зголемат цените ќе следуваат поригорозни мерки
-
Спречен колапс на македонскиот електросистем за време на велигденските празници
-
Наставниците стравуваат дека ќе останат без работа со новиот закон за основно образование
-
Преглед на вестите од светот
-
Ново судење за убиставата на Вања и Панче
-
Дали е потребен закон за Уставен суд?