Отворен ден на АХВ во Прилеп
Агенцијата за храна и ветеринарство денеска организираше Отворен ден во Прилеп. Директорот на АХВ Зоран Поповски притоа ја посети фабриката „Витаминка“ и разговараше со претседателот на Управниот одбор и претставниците од менаџментот Симон Наумовски.
Како што соопшти АХВ, дел од темите за кои се дискутирало биле олеснување на административните процедури за да се поедностави трговијата на домашниот и на странските пазари, разгледување на проблемите и предизвиците со кои се соочуваат домашните оператори со храна со цел зголемување на производството и извозот, запознавање со технологиите на производство, плановите за развој и ширење на бизнисот.
- Целта на посетите на компаниите - лидери што во рамки на Отворените денови на Агенцијата ги реализираме, е да се согледаат реалните проблеми и предизвиците со кои тие се соочуваат, во производството, но и во пласманот на производите за да се зголеми и продуктивноста и извозот. Тука сме да се запознаеме со процесот на производство и технологиите кои се применуваат, но и да ги согледаме нивните потреби за модернизација и унапредување на производството, изјави Поповски. Исто така, додаде тој, наша цел е и да помогнеме во олеснување на административните пречки и процедури доколку ги има, во насока на унапредување на постоечките и отворање на нови пазари.
На Отворените средби, граѓаните и компаниите ги изразија своите ставови во врска со безбедноста и квалитетот на храната во Република Македонија и дадоа предлози за тоа како да се унапреди соработката на секторите со цел зголемување и на понудата и на безбедноста и квалитетот на производите. Од нивна страна интерес беше покажан и за прашањата кои се однесуваат на здравствената заштита и благосостојбата на животните соопшти АХВ.
По Ресен, Битола, Охрид и денеска Прилеп, Отворени ден за граѓаните и компаниите со Агенцијата за храна и ветеринарство ќе се одржат и на 10 ноември во Велес и на 17 ноември во Скопје.
Ново на Сител
-
Отворена истрага за 34 осомничени, Обвинителството бара притвор за сите
-
Тема на денот со Миодраг Лабовиќ, професор на Факултетот за Безбедност
-
Голем пожар во Струмица
-
Отворена истрага за 34 осомничени, Обвинителството бара притвор за сите
-
Тошковски: Заврши првата фаза од постапувањето за пожарот во „Пулс“
-
Намален бројот на повредени хоспитализирани во земјата и странство нема транспорт на повредени надвор од државата
-
Итна и првична помош од 2.500 евра за сите засегнати од пожарот
-
Обдукцијата покажа дека 59-те лица починале од задушување со јаглероден моноксид во дискотеката во Кочани