Бизнис
22. July 2022 - 16:39

Отворен Балкан: Лоша имплементација на добра замисла

Иницијативата Отворен Балкан и концептот на едно застанување на граница обезбедува брз проток на патници и транспорт на стока преку граница, тврдат ресорните министри од Македонија и Србија, кои денеска беа на увид на граничниот премин Табановце. Според нив, концептот функционира и значајно се олеснети процедурите за минување граница.

Но, се чини дека концептот во пракса не функционира според замислата. Додека надлежните се фалат со брз премин на граница, патниците се жалат дека на екстремни температури чекаат по неколку часа за да минат граница.

На Табановце дневно минуваат до 800 товарни возила, што според директорката на Царина претставува голем проток и затоа застојот понекогаш е неминовен но, се разгледувале опции како да се забрза транспортот.