Отворен 20. меѓународен фестивал „Денови на комедија“
Со изведба на претставата „Целото тело тука ме боли“ во изведба на театарот Јазавац од Бања Лука, Босна и Херцеговина синоќа беше отворен 20. меѓународен фестивал „Денови на комедија 2017“. На фестивалот ќе бидат изведени 15 комедии од Македонија и државите од соседството.
- Фестивалската вечер 20 години успешно опстојува и ги привлекува љубителите на комедијата. Годинава по две претстави има од Србија, Бугарија, една од Косово, а останатите се од Македонија, изјави директорот на Центарот за култура Роберт Цветковски.
Организаторот очекува добра посетеност на претставите, како и претходните годинни.
Фестивалот го отвори градоначалникот на општина Куманово Зоран Дамјановски, кој истакна дека фестивалот на комедијата се одржува во градот кој е познат како град на комедијата и сатирата.
- Локалната самоуправа не случајно е дел од овој фестивал, кој нуди петнаесет претстави. Се надевам дека ќе побуди интерес кај публиката, рече Дамјановски.
Јубилејното издание ќе го затвори премиерата „На погрешно место во погрешно време“ на Кумановскиот театар. Фестивалот „Денови на комедија“ се одржува со поддршка на Министерството за култура и локалната самоуправа. Претставите почнуваат во 20 часот.
Ново на Сител
-
Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови
-
Коалицијата „Вреди“ ја повлече тужбата по одлуката на ДИК за ИМ 0511
-
Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот
-
Малолетник претепан од три лица во Гази Баба
-
Малолетници фрлиле во височина соученик во тетовско училиште
-
Данска испраќа нов пакет воена помош за Украина во вредност од 750 милиони евра
-
Демири: Ако го суспендирав директорот на Токсикологија пред избори, ќе го сфатевте како политичка кампања