Отворање на самостојна изложба на Кристина Божурска „Trapped“
![](/sites/default/files/styles/large/public/article/teaser-images/2019/november/thumbnail_-trapped-241431.jpg?itok=0R5ThMky)
Самостојна изложба на Кристина Божурска насловена „Trapped“ ќе се отвори вечерва со почеток од 20 часот во Галеријата на МКЦ.
Кристина Божурска дипломира сликарство на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 2008 година, на Инститот за педагогија во Скопје ги завршува педагошко-психолошките доквалификации, a во 2017 магистрира на Институтот за културолошки студии, Скопје, со фокус на социјална уметничка пракса.
Во своите дела користи мноштво техники и материјали, вклучувајќи готови предмети, сликарство, цртеж, текст и видео.
Суштина на нејзината практика е социо-политичкиот контекст на денешнината, каде што преку изборот на материјали и визуелни референци директно ги коментира и ги прави видливи проблемите од локалниот наратив.
Имала самостојни изложби во Бјаред, Шведска; Скопје, Берлин и Куманово и учествува на бројни групни изложби и видеофестивали во земјата и странство.
Остварила студиски престој во ISCP New York и добива стипендија за учество во работилницата Arte Utile на Тања Бругера, на Летната Уметничка Академија во Салзбург во 2013.
Има освоено неколку награди: Универзитетска награда за најдобро дипломиран студент (2007/2008), Најдобро видео во категоријата “Нано минута” на Меѓународниот видеофестивал во Бразил (2008); (YVAA) “Денес”, наградата за млад уметник за 2010 година и BuzArt награда на уметничката резиденција “Togetherness” во Тирана, доделена од Швајцарски фонд за култура во Албанија и галерија Кало. Во моментов предава ликовна уметност во Интернационалното Училиште QSI, Скопје.
Ново на Сител
-
Посебен сообраќаен режим утре во општина Илинден поради велосипедска трка
-
Прва седница на грчката Влада по реконструкцијата, Мицотакис ги претстави главните приоритети
-
Запленетото оружје во Северна Митровица се поврзува со минатогодишниот напад во Бањска
-
Приведен гостиварец осомничен за „тешка кражба“ од куќа во изградба
-
Ли допатува во Австралија
-
Едно лице загина откако возило од конвојот на претседателката на Мексико имаше сообраќајна несреќа
-
Претрес на дом во Велес: Малолетник осомничен за кражби
-
Богданчанец осомничен дека извршил обљуба врз малолетничка