Отворање на 19. Недела на италијанскиот јазик во светот
„Италијанскиот јазик на сцената“ е тема на 19. Недела на италијанскиот јазик во светот, која официјално ќе биде отворена вечер од 19.30 часот во Кинотеката. Манифестацијата ја организира Амбасадата на Италија во Скопје, во соработка со други институции и здруженија во земјава. Ќе има голем број настани (филмови, претстави, музика и поетски читања) кои, како што наведува Амбасадата, сведочат за големиот интерес за италијанската култура и јазик.
Отворањето ќе биде со проекција на немиот филм „Кабирија“ од 1914 година, кој се смета за ремек-дело во бои по сценарио на познатиот италијански писател Габриеле Д’Анунцио. Филмот премиерно ќе биде прикажан кај нас, а вечерашната проекција ќе биде придружена и со настап на пијанистот Марио Мариани. „Кабирија“ е дел од ревијата „Реставрирани италијански филмови“ која во Кинотеката почна вчера и прикажува филмови од италијанската кинематографија снимени од почетокот до крајот на 20 век.
Вечерта утре, 22 октомври, ќе биде посветена на театарот, со омаж за драматургот Горан Стефановски. Неговите тесктови првпат преведени на италијански јазик од ќерката на авторот, Ана Стефановска, и од режисерот Лука Кортина, ќе ги рецитира актерката Христина Цветаноска во галеријата Даут-пашин амам.
В четврток, 24 октомври, во Младинскиот културен центар ќе се одржи вечер посветена на познатиот италијански кантавтор Фабрицио де Андре. Професорката Љиљана Узуновиќ од Катедрата за италијански јазик и книжевност при УКИМ ќе се осврне на ликот и делото на музичарот кој почина пред 20 години, а во продолжение музичката група „Бона Деа“ ќе изведе неколку негови познати песни.
На 25 октомври ќе се одржи концертот „Да пееме на италијански“ приреден од студентите на Универзитетот на Југоисточна Европа, а вечерта, во МКЦ ќе се одржи поетско читање од збирката „Зборот на непријателот“ на Лука Бенас во присуство на авторот.
Меѓу настаните што деновиве се одржуваат за промоција на италијанскиот јазик и култура се предавањата на професорот по италијанска лингвистика на Универзитетот во Џенова, Лоренцо Ковери, организирани од Катедрата за италијански јазик и книжевност при УКИМ и презентација на проектот „Дигитална италијанска библиотека во Северна Македонија“ кој е резултат од соработката меѓу НУБ во Скопје и Централната национална библиотека во Рим.
Неделата на италијанскиот јазик ќе опфати и активности организирани од Македонското здружение на професори по италијански јазик, во соработка со голем број училишта од Скопје и од други градови.
Ново на Сител
-
Фудбалерите оддадоа почит
-
Томовски: По 150.000 денари итна помош за секој настрадан за првични секојдневни трошоци
-
Шеесетминутен молк во Солун за жртвите од трагедијата во Кочани
-
Русија очекува напредок во преговорите со САД за Украина во понеделник
-
Приведено лице од Делчево поради предизвикување пожар
-
Муцунски: Владата ги покрива сите трошоци за семејствата на пациентите во странство, не треба да се запостави и хуманоста на граѓаните
-
Таравари: Пет пациенти идната недела очекуваме да се вратат во земјава, шест се во критична состојба
-
Мицкоски го посети семејството на Иле Гоцески, починатиот возач на кочанската Брза помош