Македонија
22. August 2023 - 21:15

Отсуството на консензус кај македонските партии може да биде фактор за дестабилизација

Политичарите внимателно да пристапуваат на нерешените прашања на Балканот за да не бидат искористени од странските служби за потпалување на конфликти, апелираат експерите за безбедност, во контекст на последните искри на релација Скопје Приштина Белград. Провокациите на Курти во Тетово за аналитичарите се јасен знак дека земјата не оди кон евроинтеграција туку бинационализација и дека инсистирањето на уставни промени носи скриени намери за редефинирање на формулацијата 20 проценти.

Излез од ситуацијата професорот Буџаковски гледа во консензус меѓу партиите кој ќе треба да е насочен кон економско закрепнување и подобар стандард за граѓаните, наместо кон политички ќорсокаци.

По пораката на Курти Македонија да остане блиска до Косово, Албанија и Бугарија, се огласи српскиот министер за одбрана Вучелиќ обвинувајќи ги Скопје и Подгорица дека со признавање на Косово ја отвориле пандорината кутија за создавање на Голема Албанија.