Отстранети 75 кубни метри отпад од депонии во Чаир, Бутел и Ѓорче Петров
Во текот на вчерашното деноноќие, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија приближно 75 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани во скопските општини Чаир, Бутел, Центар и Ѓорче Петров.
Како што информираат од ЈП „Комунална хигиена“ Скопје, во општината Чаир е интервенирано на улицата „Џон Кенеди“, во непосредна близина на ООУ „Васил Главинов“ каде што се подигнати близу 20 кубни метри непрописно одложен кабаст и мешан комунален отпад.
- Посочената локација претставува таканаречена „црна точка“ каде што веќе подолг период континуирано се одлага отпад на јавни и сообраќајни површини. Во оваа скопска општина беа отстранети и 10 кубни метри отпад од дива депонија лоцирана на улицата Славеј Планина, во близина на скопското Теќе, информираат од претпријатието.
На улицата „Ферид Бајрам“ во скопската општина Бутел се подигнати 10 кубни метри непрописно одложен кабаст и отпад од картонски пакувања.
ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје реализираше активности за подигнување отпад од диви депонии и во општината Центар, каде што е интервенирано на улицата „Васил Ѓорѓов“ и на булеварот „Илинден“, во близина на Зоолошката градина и Тениското игралиште, при што се расчистени 15 кубни метри кабаст, градежен и отпад од картонски пакувања одложен на сообраќајни и тревни површини.
Во скопската општина Ѓорче Петров биле подигнати вкупно 20 кубни метри непрописно одложен кабаст отпад на главната улица и на улицата Борис Сарафов.
Ново на Сител
-
Приведени седум полицајци кои помогнале „Пулс“ да се стекне со лиценца
-
„Ја закопавме маме, сега тебе, која судбина ја имам“, емотивна објава на Марија за нејзината сестра Лепа
-
Мелони: Разговорот меѓу Трамп и Путин создаде надеж за завршување на војната во Украина
-
Мицкоски се потпиша во Книгата на жалост во Кочани
-
Стојановски: Состојбата на повредените пациенти во ГОБ „8 Септември“ е стабилна
-
Затворени три дискотеки бидејќи не ги исполнувале условите - „Ќе им бидат изречени сите максимални казни", вели Митева
-
Утре во Штип, Кочани, Облешево и Скопје ќе биде погребот на починатите во пожарот
-
Кочанскиот суд го продолжил притворот од 48 часа за десет лица, за шест се одлучува