Отстранети 50 кубни метри отпад од диви депонии
Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје изминатото деноноќие подигнаа и транспортираа приближно 50 кубни метри непрописно одложен отпад во скопските општини Чаир, Ѓорче Петров и Карпош.
Отстранети се 15 кубни метри отпад од картонска амбалажа и петнаесетина автомобилски гуми одложени на јавна површина на улицата Војдан Чернодрински, како и 10 кубни метри кабаст отпад одложен на булеварот Никола Карев (Пластичарска улица) во скопската општина Чаир.
Во општината Карпош се подигнати приближно 10 кубни метри кабаст отпад одложен на сообраќајна површина на улицата Загребска, во населбата Козле.
ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје реализираше активности и во општината Ѓорче Петров, каде се подигнати 15 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани на улиците Лука Геров и Ѓорче Петров.
Ново на Сител
-
Ајдари за поднесените интерпелации: Владата не успеа да го одржи мирот и да обезбеди меѓуетнички соживот
-
Серија апсења на интервентна полиција, пронајдена дрога
-
Повеќе од 10.000 објекти уништени во пожарите во областа на Лос Анџелес, штетите над 150 милијарди долари
-
Без вода дел од бул. „Јане Сандански“ поради дефект
-
Приведена битолчанка барана по потерница
-
Од Скопје до Париз нова линија со авиокомпанијата Изиџет
-
Село во јужна Италија „им забрани“ на жителите да се разболат
-
Скопје утрово со умерено ниво на аерозагаденост, прекинат прагот на алармирање во Струмица