Отстранети 40 кубни метри отпад од диви депонии во општините Гази Баба, Чаир и Ѓорче Петров
Во текот на изминатото деноноќие, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираа активности за отстранување 40 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани во скопските општини Гази Баба, Чаир и Ѓорче Петров.
„Расчистена е обемна дива депонија на улицата Чаирска во населбата Гази Баба, во непосредна близина на ООУ „Тефејуз“, каде што се подигнати и транспортирани приближно 15 кубни метри мешан комунален и кабаст отпад.
ЈП Комунална хигиена-Скопје повторно интервенираше и на булеварот Никола Карев (Пластичарска улица), каде што од јавни површини се отстранети 10 кубни метри мешан комунален, кабаст отпад и неколку автомобилски гуми.
На улицата Васил Чакаларов во непосредна близина на Порта Влае беа подигнати и транспортирани приближно 15 кубни метри непрописно одложен градежен и кабаст отпад, санитарии и отпад од картонски пакувања одложени на тревни и сообраќајни површини“, се вели во соопштението на ЈП Комунална Хигиена - Скопје.
Ново на Сител
-
Земјотрес со јачина од 6,1 степени го погоди грчкиот остров Крит
-
Променливо облачно и топло, попладне можен пороен дожд
-
Трамп ги обвини советниците на Бајден за „велепредавство“
-
Трајко Славески кандидат за гувернер на Народната банка
-
Одбраната на Палевски и Видевски тврди дека ОЈО е контрадикторно во врска со изведените докази
-
ФФМ донесе одлука: Бројот на клубови во ПМФЛ се намалува од 12 на 10
-
Лавров: Русија нема да дозволи да биде измамена со примирје
-
Во првиот квартал со автобуси превезени 9 845 000 патници