Отстранети 330 кубни метри отпад од диви депонии во неколку скопски општини
Во текот на изминатите неколку дена, ЈП „Комунална хигиена“ -Скопје реализираше вонредни активности за подигнување и транспорт на отпад од диви депонии на повеќе локации во Скопје.
- Отстранети се приближно 330 кубни метри непрописно одложен кабаст, градинарски и мешан комунален отпад во близина на aрената Борис Трајковски и во населбата Трнодол во скопската општина Карпош, на улиците Никола Пушкаров, Христо Батанџиев и Лука Геров во општината Ѓорче Петров, на улиците Џон Кенеди, Вуковарска и Христијан Тодоровски-Карпош во општината Чаир, како и на улиците Февруарски поход, Коста Новаковиќ, Анастас Митрев и Васко Карангелевски во општината Аеродром. Повторно е интервенирано и на булеварот Никола Карев, во непосредна близина на Амбасадата на САД, информираа денеска од ЈП „Комунална хигиена“ Скопје.
Од јавното претпријатие додаваат дека отстранетите диви депонии се лоцирани околу контејнерите наменети за одлагање комунален отпад, а се создаваат во периодот кога садовите се сосема празни и отпадот може да се одложи во садовите.
Градот Скопје и ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје апелираат да престане, како што посочуваат, тенденциозното непрописно и несовесно исфрлање отпад на јавни површини што директно придонесува за загадување на животната околина и го загрозува јавното здравје.
Ново на Сител
-
Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат
-
Пад на заболени од грип во државава, но бројката сѐ уште висока
-
Измамен 27-годишник од Тетово, очекувал да се сретне со девојка но бил физички нападнат од две лица
-
Кривична против 47-годишник за обид за убиство во Ново Село
-
49-годишна жена пријавила дека била нападната со тврд предмет од нејзиниот сопруг
-
Црвен крст: Oбезбедни 34.836.205 денари за настраданите во пожарот во Кочани
-
Коцевски: Неприфатлива е политичката злоупотреба на трагедијата во Кочани
-
Студентите во Ниш ќе собираат утре парични средства за семејствата на повредените во пожарот во Кочани