Отстранет дефектот во диструбиција на топлинска енергија во Центар
Екипи на БЕГ-Дистрибуција утрово го отстранија големиот дефект на секундарната дистрибутивна топлинска мрежа во близина на Клиниката по хируршки болести „Св. Наум Охридски“.
Дефектот предизвика прекин на греењето во болницата, во зградите на Сојузот на синдикатите и Работничкиот универзитет „Кочо Рацин“, како и во зградите на булевар „11 Октомври“ со броеви: 19, 21 и 23 и на булевар „Кочо Рацин“ со броеви: 8, 10, 14, 18, 20 и 28.
БЕГ–Дистрибуција соопшти дека за санација на дефектот бил заменет 20 метри долг цевковод ДН200 и дека овие потрошувачи од утринава редовно добиваат топлинска енергија. Екипи на БЕГ ја следат состојбата и се подготвени да интервенираат.
Потрошувачите може да пријават дефект или рекламација за квалитетот на греење преку Центарот за грижа за потрошувачи на Снабдување со топлина Балкан енерџи, на телефонскиот број 3076-200, со праќање СМС-порака на броевите: 076-350-298 (Оне), 078-207-056 (Вип), 070-369-337 (Т-мобиле), како и преку веб-страницата www.beg-snabduvanje.com.mk.
Ново на Сител
-
Христовски од АНБ: Незаконско следење имало, на ред е Обвинителството
-
Кој следел новинари и политичари?
-
Мицкоски чека да го види документот
-
Тема на денот со Виктор Јакимов, претседател на Сојуз на средношколци
-
ФФМ со рекордна донација за младите
-
Почна новата учебна година - 245 илјади ученици седнаа во училишните клупи
-
АНБ скандал: Обвинителството без конкретни детали
-
Филипче ќе ги нацрта „црвените линии“ до крајот на неделава