Откупот на бостанот без проблеми
Откупот на бостанот за кој Владата обезбеди дополнителни два денара субвенции, тече без проблеми и во најдобар ред. На сите откупни центри се даваат кантарни белешки и се води целосна евиденција.
Според министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, стабилизација на цената се очекува по 15 јули кога количините лубеници на пазарот ќе се намалат.
- Бев на терен. Навистина имаме сериозен проблем со бостанот поради производството во околните земји, особено во Србија. Затоа веднаш, по сите средби со производителите и откупувачите, на итна владина седница ја донесовме Одлуката за дополнителна субвенција од два денара по килограм продадени лубеници кај регистрирани преработувачи од 3 до 15 јули, кога и количините за пласман се најголеми. Земјоделците укажаа дека токму овој период, од 3 до 15 јули ќе биде најкритичен и дека се очекува стабилизација на цената дури потоа зашто понудата ќе се намали, вели Николовски.
Субвенцијата се однесува за откупна цена до максимум четири денари, но услов е и производството да не биде поголемо од 50.000 килограми по хектар што, секако, нагласува министерот, е максимум кој може да се достигне.
- Оваа мерка е по предлог на двете страни, производителите и откупувачите. Им понудивме и субвенционирање по хектар кое можевме 100-процентно да го зголемиме, но ваквата опција не беше прифатена. Затоа ја одбравме мерката дополнителни два денара, како што побараа производителите, а се согласија и откупувачите, потенцира Николовски.
Укажа и дека цената на бостанот падна на три денари поради што Министерсвото за земјоделство итно реагираше и интервенираше.
Ново на Сител
-
Кумановската полиција пронашла седумнаесет мигранти од Сирија
-
Почина еден од најуспешните винопроизводители во светот, Жозеп Ферер Сала
-
Нова промена на цената на горивата од полноќ
-
Зголемен бројот на туристи и на ноќевање
-
Белорусија стана партнер на БРИКС
-
Тешка сообраќајна несреќа во Пробиштип - Судир помеѓу трактор и „матиз“
-
Влегол во Македонија преку див премин - Приведен грк на ГП Богородица
-
Пронајдени боксирач и два ножеви, приведени две лица меѓу нив и малолетник