Откриено како се менува видот на бебето во првата година од животот?
Кога детето ќе се роди, неговите родители не можат да го тргнат погледот од него, и се обидуваат да го „запечатат“ секој детаљ во нивната меморија. Меѓутоа, видот на детето не е толку добар колку нивниот.
Ромеш Ангунавела, во соработка со Клиниката „Compare“, одлучи да покаже како изгледа светот низ очите на детето во текот на првата година од неговиот живот.
Во текот на првите денови од нивниот живот, бебињата гледаат само заматена црно-бела слика. Секој месец нивниот вид се' повеќе и повеќе се подобрува, а после три месеци детето започнува да ги препознава лицата на нивните родители. За нив, светот станува се' поживописен и појасен. Нивниот вид е целосно формиран до нивната втора година - периодот кога децата започнуваат да го истражуваат светот околу нив.
Ново на Сител
-
СДСМ бара одговорност за Тошковски
-
Денеска нема исписи на пациенти повредени во пожарот во Кочани – 105 во болниците во земјата и странство
-
Детектор анкета: Стабилна поддршка за ЕУ членство, песимизам за прием
-
Големо парче лим откорнато од зграда во Капиштец виси на дрво и може да падне врз минувачите
-
Граѓаните од муслиманската вероисповед денеска го празнуваат Рамазан Бајрам
-
Апел за обука на угостителите
-
Масовна молитва во Тирана
-
Преглед на вестите од светот