-->
-->
Откриени траги од вулканска активност на Месечината
-->
Кинески научници пронајдоа траги од вулканска активност во примероци од земјени примероци од Месечината, објави списанието „Нејчр астрономи“ (Nature Astronomy).
При анализа на примероците земени со сондата „Чанг-5“, пронајдени се седум минерали, единствени по облик, боја и други одлики. Стручњаците веруваат дека тие можеби во подрачјето на тн. Океан на Бурите (Oceanus Procellarum) навлегле од друго место на нашиот природен сателит и најверојатно биле исфрлени на површината по удар на астероид.
Натамошното хемиско испитување на честичките покажало дека некои од примероците се од вулканско потекло. Покрај тоа, тие имаат нетипичен хемиски состав којшто не се среќава кај другите познати вулкански реголити (хетерогени карпи). Научниците веруваат дека тие се формирани како резултат на низа вулкански ерупции во минатото.
Во мај 2022 година, и американските научници посочија дека половите на Месечината можеби содржат скриени ледени плочи со огромни резерви вода, создадени како резултат на низа масивни вулкански ерупции кои исфрлале облаци водена пареа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тешка сообраќајка во скопски Карпош, три лица повредени
-
Стефковски: Водовод и канализација и Град Скопје да обезбедат вода за Црешево, Смилковци, Маџари, Железара, Автокоманда и Ченто
-
Претреси во Скопје, две лица лишени од слобода, запленета дрога и оружје
-
Ставени под контрола пожарите кај Измир
-
УХМР: Многу топло до вторник, потоа значителен пад на дневната температура
-
Просечната откупна цена на зелката 43 денари за килограм, на доматот 45
-
МЗ: Северна Македонија меѓу првите држави со европски стандард во дигиталното здравство - „Жолто копче“
-
Се постапува за утврдување случаи со дивоградби, вели Тошковски