Македонија
26. July 2015 - 13:12

Откриени акцизни неправилности кај шест угостителски објекти во Дојран

Незаконска продажба на алкохолни пијалоци во шест угостителски објекти во Дојран открија комбинираните тимови на Царинската управа и на Управата за јавни приходи при вчера извршената координирана контроли во ова излетничко место.

Како што соопшти Царинската управа, притоа, привремено се задржани околу 64,5 литри жестоки алкохолни пиајлоци од кои 30 литри се домашна ракија и мастика за кои не е платена акциза и за кои не постојат документи за потекло и за здравствена исправност.

Царинската управа контролите ги врши согласно своите надлежности кои што произлегуваат од Законот за акцизите, додека Управата за приходи согласно Законот за регистрирање на готовински плаќања.

Од Царинската управа најавуваат дека продолжуваат со контроли на акцизните добра со цел да се обезбеди легитимна конкурентност, заштита на здравјето на граѓаните и соодветна наплата на пропишаната акциза.