Откриени 78 мигранти кај штипската населба Три Чешми
Откриени се 78 мигранти кај штипската населба Три Чешми на патот во изградба Штип – Кочани. Портпаролот на СВР-Штип Гордана Панајотова во соопштение до медиумите информира дека мигрантите се откриени рано утрово околу 4 часот кога полициски службеници од Регионалниот центар Исток и СВР-Штип сопреле моторно возило со скопски регистарски таблички.
Возилото го управувал 46-годишниот С.П., совозач му бил 32-годишниот Т.Р, двајцата од Велес, кои претходно не застанале на даден знак на полицијата.
По потрагата, во возилото се пронајдени 78 мигранти. Возачот и совозачот се лишени од слобода, а во моментов во Полициската станица во Штип се разговара со мигрантите и се утврдува од кои земји доаѓаат.
Дополнителни информации надлежните ќе соопштат по расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Во Белград од синоќа наврнаа над 55 литри дожд
-
Маж во Атина застрелан во автомобил со најмалку 15 куршуми
-
Црвеното ниво за безбедноста во Србија останува на сила
-
Изгаснат пожар во Старата прилепска чаршија
-
Тери го критикуваше Би-Би-Си за навредливиот прекар кон Роналдо
-
ЕВРО2024: Франција четвртфиналист
-
Кошта прв голман кој не примил гол во пенал-серија на ЕП
-
Г.г Стефан упати честитка до новоизбраниот бугарски патријарх Даниил