Македонија
4. October 2019 - 18:41

Откриени 43 мигранти во товарно возило кај селото Лакавица

Полициски службеници вчера откриле 43 мигранти на возраст од 16 до 25 години од Бангладеш, Пакистан и Авганистан во товарно возило „форд транзит“ со скопски регистарски ознаки кај селото Лакавица.

Како што соопшти МВР, вчера во 10:50 часот на магистралниот пат Штип – Радовиш, во село Лакавица, полициски службеници дале знак за запирање на товарното возило, но возилото не застанало.

Набргу потоа возилото сопрело и при негова проверка биле пронајдени 43 мигранти, на возраст од 16 до 25 години, од Бангладеш, Пакистан и Авганистан.

Лицата се предадени на полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Исток за понатамошна постапка.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот