Откриена тајната на хитот на Цеца: Еве зошто песната никогаш не ја пее во живо и на кого е посветена!
Светлана Цеца Ражнатовиќ пред 13 години го сними својот голем хит, песната "Нечу дуго", која многу брзо стана лична карта на сите жени. Денес по повеќе од една деценија, фолк ѕвездата открива зошто оваа балада никогаш не ја пее и на кого всушност е посветена.
Иако многумина се уверени дека баладата е посветена на маж кој оставил голема трага во животот и срцето на пејачката, вистината е сосема поразлична. Всушност, таа баладата ја има посветено на нејзините деца, Анастасија и Вељко.
- Тоа е песна која Марина Туцаковиќ ја напиша за мене, а јас ја посветив на своите деца, но никогаш не сум ја пеела освен на ЦД. Публиката на концертите сака да слушне брзи песни, па затоа оваа никогаш ја немам испеено - изјавила Цеца.
Инаку пејачката неодамна го прослави својот 44. роденден а оваа година на своите фанови им спрема нови изненадувања во склоп на новиот албум и концертот на Ушче.
Ново на Сител
-
Црвениот крст собрал над 54 милиони денари
-
СДСМ: Истрагата се води селективно
-
Мицкоски: Има обид за злоупотреба на револтот на граѓаните
-
Муртезани: Стигна првата транша од ЕУ
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Славица Арсова, директорка на Клиника за психијатрија
-
Пет пациенти кои се лекуваат во странство се во критична состојба
-
Од утре почнува исплатата на итна и првична помош за семејствата зафатени од несреќата во Кочани