-->
-->
Откриена најголемата тајна на Владимир Путин?!
-->
![](/sites/default/files/styles/large/public/article/teaser-images/2015/august/vladimir-putin-at-a-navy-014.jpg?itok=mNBrO_kN)
Според неговите тврдења, кои ги пренесе германскиот лист, Владимир Путин е вонбрачно дете родено во Грузија каде живеел првите девет години од својот живот, а таа тајна ја криел во текот на својата кариера за да изгради што подобар имиџ во јавноста.
Тој тврди дека многубројните мистериозни приказни за шефот на Кремљ ги обелодениле луѓе кои биле добро упатени во неговиот живот и кои го ризикувале сопствениот живот за да го разоткријат Путин.
„Доколку тие приказни беа објавени порано, Путин можеби никогаш немаше да стане претседател на Русија и тоа би го променил текот на светската историја“ – пишува весникот.
Чеченецот Рустан Даудов наводно дошол во сопствен на снимки кои го докажуваат вистинското потекло на Путин, но и до жената која тврди дека го родила рускиот претседател.
Станува збор за Вера Путини која тогаш имала 73 години и живееле во селото Метечи, околу 60 километри од Тбилиси.
„Убедена сум дека тоа е мојот Вова“ – изјави старицата кога Даудов ја вклучил камерата, претставувајќи се како човек кој прави сторија за Путин. Таа раскажала како додека била девојка се заљубила во Платон Привалов и останала трудна, и подоцна открила дека е оженет поради што се разделиле. Детето се родило на 7 октомври 1950 година, а бидејќи нејзиното семејство не можело да се грижи за бебето го дале на далечните роднини Владимир Спиридонович Путин и Марија Иванова Путина, кои живееле во Ленинград.
Вера наводно во таа прилика изјавила дека на детето му ја смениле крштеницата и напишале 7 октомври 1952 година како датум на раѓање.
Инаку, германскиот весник наведува уште осум клучни моменти во сторијата за рускиот лидер, а една од нив е поврзана со мистериозниот пад на авионот во март 2000 година во Москва. Тогаш загинале Чеченецот Зија Бажајев, некогашниот директор на нафтената компанија „Алијанс груп“ и Артом Боровик, руски новинар познат по тоа што го критикувал рускиот режим. Ти двајцата патувале кон Грузија за да сретнат со Рустан Даудов кој сакал да им ги покаже видеата на кои се доказите за потеклото на Путин. Во тоа време Путин ја објавувал функцијата на привремен претседател на Русија, после повлекувањето на Борис Елцин.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ на седници на Извршниот и Централниот комитет ги утврдува предлозите за министри од својата партија
-
Тема на денот со воениот аналитичар Милан Стефаноски
-
Наместо во подземни контејнери штипјани сметот го одлагаат врз нив
-
ВМРО-ДПМНЕ на седници на Извршниот и Централниот комитет ги утврдува предлозите за министри од својата партија
-
Силјановска Давкова: Војната во Украина не е украински, туку европски и светски проблем
-
Ново поскапување на лебот ако се зголеми цената на струјата
-
Дали само итни пациенти се снимале на Институтот за радиологија поради технички проблем во петокот?
-
Детектор: Интернетот и социјалните мрежи штетно влијаат врз децата