Откриена лабораторија за дрога кај Фиер, запленети околу 430 килограми кокаин вреден 40 милиони евра
Албанската полиција во соработка со американската ДЕА, албански СПАК и црногорската полиција заплени околу 400 кокаин скриен во вреќи со вештачко ѓубре.
– Запленети се палети со 24 тони вештачко ѓубриво, во кои имаше 430 килограми кокаин, вреден 40 милиони евра. Станува збор за количина која од Црна Гора пристигнала во Албанија, информираше првиот човек на албанското специјално обвинителство за организиран криминал и корупција СПАК, Арбен Краја.
Според него нарачката за товарот била направена во мај годинава и оттаму почнал надзорот од надлежните.
– Постоеја информации дека во мај 2022 година е натоварено количество вештачко ѓубриво во Пиреа, транзит до Бар со нарачател албански државјанин. На барање на црногорските власти увидот е извршен. Се покажало дека купувач на стоката е албански државјанин кој отворил фирма за увоз на хемиски ѓубрива и друга стока. Откако количеството ѓубриво беше испратено во Албанија, продолжија други дејствија до синоќа, кога оваа количина беше запленета во Голема Фарка кај Фиер, изјави Краја.
Обвинителот Андан Ѓоли пак информираше дека се уапсени 10 албански државјани, еден од финансиерите, а по неколку лица се трага.
– Исто така запленети се 15.000 евра, три автомски пушки и исто толку пиштоли, 108 куршуми, 18 мобилни телефони и пет возила. Истрагата продолжува со цел целосно расветлување на вклученоста на други лица, албански државјани и странци, посочи Ѓоли.
Ново на Сител
-
Северна Кореја повторно испрати балони со ѓубре во Јужна Кореја
-
Битолчанец изгубил контрола и излетал од патот, загинал на местото на несреќата
-
Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје
-
Мечка со две мали мечиња се фатени на камера на пат во Маврово
-
Димитријевиќ се договорил со Олимпија Милано
-
Судир помеѓу Автомобил и мопед во Скопје, едно лице со тешки повреди
-
Голема полициска акција на подрачјето на Скопје за сузбивање на улично дилерство на дрога
-
ВМРО-ДПМНЕ: 15-ти ден хирургија не функционира