Свет
13. May 2020 - 18:23

Откриен уште еден вид на коронавирус кај лилјаците

Во една неодамнешна студија, научниците ја поддржале оваа хипотеза со пронаоѓање на друг вид коронавирус кај лилјаците и со забележување на специфични мутации кои вметнуваат генетски материјал во вирусниот геном. Ваквите мутации покажуваат дека ваквите промени во геномот, каде се јавува еволуцијата на вирусот, многу лесно можат да се појават природно, пишува Science Alert.

„Откако се појави ковид-19, постојат разни шпекулации дека вирусот е создаден во лабораторија“, рече микробиологот Вајфенг Ши од првиот медицински универзитет во Кина , Шандонг.

"Особено, некои велат дека инсертите на S1 / S2 делуваат многу невообичаено и дека може да биде лабораториска манипулација. Нашата работа многу јасно покажува како таквите промени се случуваат во дивината, на природен начин", додаде тој.

Новооткриениот вид на коронавирус, што  тимот го именувал RmYN02, е идентификуван во втората половина на 2019 година за време на анализата на 302 примероци земени од 227 лилјаци кои живееле во провинцијата Јунан во Кина. По проучувањето на примероците, научниците откриле два скоро нови геноми на коронавирусот - RmYN01 и RmYN02.

RmYN01 е слабо усогласен со коронавирусот што е причина за сегашната пандемија (САРС-КоВ-2). Но, тоа не било случај со RmYNO2, кој дели 93,3% од неговиот геном со вирусот САРС-КоВ-2.

Што се однесува до процесот на вметнување, RmYNO2 содржи инсерти на аминокиселини во точката каде што се среќаваат двете под-единици S1 и S2. САРС-КоВ-2 има и додатоци на S1 и S2. Иако тие не се исти аминокиселини, овие инсерти покажуваат дека процесот на вметнување може да се случи природно.

И покрај многуте сличности на овие два коронавируси, не значи дека RmYN02 е директен предок на коронавирусот што ја предизвика сегашната глобална пандемија; особено ако се земе предвид дека во важен ген за врзувачки рецептори, тие се совпаѓаат со само 61,3 проценти. Но, наоѓањето нови геноми на коронавирус е сè уште многу важно затоа што може да открие како вирусот САРС-КоВ-2 еволуирал во она што е денес.

„Нашата студија потврди дека лилјаците, особено оние од родот Ринолофида, се важни природни резервоари на коронавирусот и дека тие ги содржат, колку што знаеме, најблиските сродници на вирусот САРС-КоВ-2“, напишале научниците во студијата.

До денес, вирусот што ја предизвикува болеста ковид-19 е најмногу сличен на коронавирусот RaTG13, исто така пронајден кај лилјаците, што одговара со 96,1% од РНК.

„Ниту RaTG13 ниту RmYN02 не се директни предци на вирусот САРС-КоВ-2 затоа што сè уште постои еволутивен јаз помеѓу овие вируси“, објаснува Ши.

"Нашето истражување сугерира дека се потребни понатамошни студии и земање мостри на повеќе видови на животинскиот свет за откривање на вируси, што се уште повеќе слични на вирусот САРС-КоВ-2. Може да ги најдеме и неговите директни предци, што може да ни покаже многу за тоа како овој вирусот се шири кај луѓето “, додаде тој.