-->
-->
Откриен идентитетот на телото кое беше пронајдено - „Милица беше најубавата жена која ја познавав“
-->
Според се уште неофицијални податоци идентификувано е телото кое вчера попладне беше најдено во реката Моравица, Србија.
Се работи за Милица Ш. (69) од Ивањица. причината за смртта се уште не е позната, но се претпоставува дека се работи за несреќен случај.
Баба Милица, како што тврдат соседите, вчера наутро заминала на кафе кај јатрвата, но таму не стигнала. мислејќи дека е кај роднините или соседите, семејството не ја побарало. Но, откако вечерта не се вратила дома, нејзината внука, по кажувањето на соседите, пријавила во полиција.
- Милица беше прекрасна жена и добра соседка. Често се среќававме на пазарот и разговаравме. Знам дека имаше здравствени проблеми, но се обидуваше да ги поднесе стоечки. не знам како се случило ова, навистина ми е жал, - изјавила една соседка.
Со оглед на тоа дека нивото на реката Моравица е зголемено поради топење на снегот, се претпоставува дека „голема вода“ и јака струја се причините за оваа несреќа.
- Таа беше најубавата жена која ја познавав, добар колега и голем работник. нека и е лесна земјата, - изјавил нејзиниот поранешен колега Мичо.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата
-
Животот како пред еден век
-
Мирен изборен ден
-
Ковачевски на митинг испрати пораки до Ахмети
-
27 Април да не се повтори
-
ВМРО-ДПМНЕ промовира проекти
-
Претседателски избори
-
Министерот Тошковски пречекан со „ Бисер Балкански“ од новите полициски службеници