Откажани над 28 милиони операции ширум светот поради пандемијата
Околу 28,4 милиони планирани операции се откажани или одложени низ целиот свет, како резултат на епидемијата на Ковид-19, според меѓународна студија на група хирурзи.
„Во 12-те недели на прекинати болнички активности како резултат на Ковид-19, 28,4 милиони интервенции беа откажани или одложени низ целиот свет, па пациентите чекаа подолго од очекуваното за решавање на нивните здравствени проблеми“, соопшти болничкиот центар во Рен, француски партнер во истражувањето.
Таа меѓународна студија беше водена од научници од Универзитетот во Бирмингем. Научниците собраа информации од хирурзи од 359 болници и 71 земја за откажување на планирани операции.
Според податоците, „секоја нова недела на прекинување во болниците предизвикува 2,4 милиони нови откажувања“.
Ново на Сител
-
Во Македонија над 140 луѓе годишно гинат во сообраќајки: Кога ќе профункционира Сејф сити?
-
Протестите со поддршка и од премиерот
-
Протест за смртта на Фросина и во Неготино
-
Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО - ДПМНЕ
-
Нови несогласувања помеѓу лекари и директорката на клиниката за деца „Козле“
-
Протест за смртта на Фросина
-
Има ли одговорност кај обвинителството и судството?
-
Бојкот на маркетите поради високите цени