Oткажани два милиона летови низ светот,aвионите ќе бидат приземјени до 31 јуни
До крајот на јуни во светот, заради пандемијата од коронавирусот, се откажани повеќе од два милиона летови, што ќе предизвика загуби од околу 252 милијарди долари, се наведува на сајтот на Меѓународната асоцијација за воздушен сообраќај (ИАТА).
Откажувањето на летовите е една од мерките на која беа присилени агенциите за воздушен сообраќај заради заштитата на своите вработени и патниците.ИАТА, на својот сајт соопшти кои аеродроми во светот се затворени и кои летови се откажани, но дава и насоки за патниците како да се однесуваат доколку веќе мораат да патуваат.
Асоцијацијата наведува дека ги следи сите случувања важни за развојот на болеста, заедно со Светската здравствена организација, и дека во согласност со тоа ќе ги издава следните соопштенија.– Останете силни. Ќе ја надминеме оваа криза и ќе продолжиме да го поврзуваме светот – изјави главниот извшрен директор на ИАТА Александар де Јуниак.
Ново на Сител
-
Амбер Алерт: Кои чекори треба да ги преземете ако вашето дете исчезне?
-
КСЗД го презентираше извештајот за минатата година
-
Две лица осомничени за поткуп – се чека притвор за врховниот судија
-
Почнува процесот на прегласување за парламентарните избори
-
Преглед на вестите од светот
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим